Турција: Неутрализирани двајца терористи од сива категорија на барани терористи

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – Двајца од четворицата терористи неутрализирани во операцијата организирана од Командата на жандармеријата во Битлис во Турција на 24 јули се терористите Ејуп Чечан, со кодно име „Озѓур рух“ (слободен дух) и Мустафа Јаман, со кодно име „Агит Јаман“, кои се наоѓаат на сивата листа на барани терористи, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерството за внатрешни работи на Турција синоќа соопшти дека во рамките на внатрешните безбедносни операции, во операцијата организирана од Командата на жандармеријата во Битлис на 24 јули, неутрализирани се четворица терористи.

Во операцијата неутрализирани се терористите од сивата листа на барани терористи, Ејуп Чечан, со кодно име „Озѓур рух“ (слободен дух) и Мустафа Јаман, со кодно име „Агит Јаман“, за кого имаше распишано награда од 300.000 лири (околу 54.000 долари).

Инаку, листата на барани лица е поделена во категории со пет бои според приоритет – црвената како категорија во која се вклучени најбараните лица, потоа сина, зелена, портокалова и сива.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/