Турција: Издадени налози за приведување за 1.112 осомничени лица на ФЕТО

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – Турските обвинители денес издадоа налози за приведување на 1.112 припадници на терористичката организација ФЕТО во истрагата поврзана со измамата на полицискиот испит во 2010 година, јавува Anadolu Agency (AA).

„Се верува дека осомничените ги имале прашањата уште пред да го полагаат тестот за подинспектор“, велат судски извори, кои зборуваа под услов да останат анонимни.

„Тие вршеле измама на испитот во обид да се инфилтрираат во полициските сили“, додаваат изворите.

Истрагата е предводена од канцеларијата на јавниот обвинител на Анкара со истовремени операции започнати од страна на полицијата.

На 15 јули 2016 година, ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, изведоа неуспешен обид за пуч во кој загинаа 251 лице, а околу 2.200 беа повредени.

Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.


Извор: https://www.aa.com.tr/mk/