Турција: Акар утре ќе се состане со актуелниот американски секретар за одбрана

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, утре ќе се состане со актуелниот американски секретар за одбрана, соопшти турското Министерство за одбрана, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според издаденото соопштние, се очекува Хулуси Акар и Патрик Шанахан да се состанат во рамките на состанокот на министрите за одбрана на НАТО, кој треба да се одржи во Брисел утре и задутре.

Дводневниот состанок ќе се однесува на Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF), позицијата на одбраната и одвраќањето на НАТО, мисиите и операциите на НАТО и европската соработка во одбраната.

Се очекува, исто така, Акар да одржи билатерални состаноци и со колегите од Франција, Македонија, Црна Гора, Италија и Грузија.

Планирано е турскиот шеф за одбрана да се состане и со новоназначениот грчки колега, Евангелос Апостолакис.

Претходно, Акар во писмо му честиташе на Апостокалис и го покани во Турција.

Акар ќе присуствува и на разговорите за Договорот за нуклеарни сили од среден дострел (INF), позицијата на одбраната и одвраќањето на НАТО.


Извор: https://www.aa.com.tr/mk/