Турски авиони Ф-16 го нарушија грчкиот воздушен простор

во категоријата Регион

Два турски воени авиона Ф-16 денеска навлегоа во грчкиот воздушен простор, летајќи над карпестиот ненаселен остров Мавра во Егејско Море, објавија грчките медиуми, оценувајќи дека станува збор за нова провокација од Турција.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, турските воени авиони биле откриени и веднаш пресретнати од грчки воени авиони, согласно меѓународните правила.

Според истите информации, грчкото воено воздухопловство во текот на вчерашниот ден регистрирало вкупно 43 нарушувања на грчкиот воздушен простор во Егејско Море од осум турски воени авиони.

Извор: https://tv21.tv/mk