Турските сили неутрализираа 9 терористи на ПКК во северен Ирак

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – Турските вооружени сили извршија воздушни операции во подрачјето на Хафтанин, во северниот дел на Ирак, при што неутрализираа 9 терористи на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во рамки на операцијата „Канџа-3“, која успешно продолжува, извршени се воздушни операции во подрачјето на Хафтанин.

Се нагласува дека во рамки на овие операции погодени се упоришта, засолништа, како и складишта за муниција, а неутрализирани се и девет терористи на ПКК.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/