Турските сили неутрализираа двајца терористи во северен Ирак

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – Турските сили неутрализираа најмалку двајца терористи во северен Ирак, соопштија денес турски безбедносни извори, јавува Anadolu Agency (AA).

„Операцијата против тероризмот е спроведена во регионот на Хакурк“, изјавија изворите под услов да останат анонимни.

Во текот на операцијата, меѓу скриеното оружје и муниција имало и две пушки калашников, две рачни гранати и девет импровизирани експлозиви.

Операциите на турската Војска во овој регион генерално се насочени кон терористичката организација ПКК.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.


Извор: https://www.aa.com.tr/mk/