Турска компанија гради фабрика за пластични производи во Бунарџик

во категоријата Економија

Во Бунарџик ќе се гради фабрика за пластични производи. Компанијата Балканлар Пластик ќе инвестира десет милиони евра и најави вработување на 80 лица. Планот е да се прошири производството и бројот на вработени да надмине 300 лица. Станува збор за турска инвестиција. На почетокот на градежните работи пристигна и економскиот тим на владата предводен од премиерот Зоран Заев.

„Со вложувањето во земјава планираме да придонесеме за нови вработувања. Очекуваме инвестицијата да биде успешна и ќе дадеме се од наша страна да се оствари овој проект“, рече Елер Чалишир  – „Балканлар“.

„Кога ќе заврши целиот процес на документација и кога ќе погледнам дека нешто се гради многу се радувам. Сигурен сум дека за некој месец ќе работат мои пријатели, блиски луѓе, на некој начин млади луѓе кои нема да заминат од тука“, Александар Младеновски, директор на ТИРЗ.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk