Турската Црвена полумесечина ја одбележува својата 151. годишнина

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – Турската Црвена полумесечина (Kizilay)  ја одбележува својата 151. годишнина, јавува Anadolu Agency (AA)

„Кизилај“ е најголема хуманитарна организација во Турција, со меѓународна мрежа преку која обезбедува помош на другите нации на кои им е потребна.

Основана е на 11 јуни 1868 година, како Заедница за помош на повредените и болните османлиски војници.

Низ текот на годините беше нарекувана Османлиско општество на Црвената полумесечина (1877), Турска заедница на Црвената полумесечина (1923), Турска заедница на Црвената полумесечина (1935) и, конечно, Турско општество на Црвената полумесечина (1947).

Името „Кизилај“ (Црвена полумесечина) беше доделено од Мустафа Кемал Ататурк, основачот на Република Турција.

„Логото на групата, црвена полумесечина, свртена лево на бела заднина, е прифатениот заштитен и дефинирачки симбол за медицинските услуги на вооружените сили во време на војна, како и за поединци и институции“, се вели на официјалната веб-страница на „Кизилај“.

Симболот на „Кизилај“ не може да се користи од други поединци или институции, бидејќи ги симболизира имунитетот и неутралноста за време на војната.

„Кизилај“, исто така спроведува активности во справување со катастрофи, како и активности од областа на крводарителството, здравствената заштита, првата помош, меѓународна помош и услуги за имиграција и бегалци.

„Мисијата на „Кизилај“ е да обезбедува помош за сиромашните и беспомошните луѓе во катастрофи и нормални периоди како проактивна организација, развива соработка во општеството, обезбедува безбедно снабдување со крв и намалување на ранливоста“, пишува на официјалната веб-страница на „Кизилај“.

„Кизилај“ обезбедува безусловна помош и непрофитни, волонтерски базирани социјални услуги, и е корпоративно тело регулирано со посебни законски одредби.

„Кизилај се стреми да биде „модел за хуманитарна помош во Турција и во светот… со луѓе во нивните најтешки времиња“, се наведува на веб-страницата.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/