Турската полиција заплени 2 тона марихуана

во категоријата Свет

АНКАРА (АА) – Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, изјави дека турската полиција запленила 2 тона марихуана за време на операција против дрога, јавува Anadolu Agency (AA).

Тој изјави дека најмалку 200 дилери на дрога биле притворени за време на операцијата во турската западна област Бурса.

Според локалните полициски извори, во акцијата учествувале најмалку 4.000 полициски службеници.

Полициските специјални сили, како и кучиња трагачи, исто така учествувале во операцијата против дрога.


Извор: https://www.aa.com.tr/mk/