Трета година во низа ЕХФ ги испочитува фановите на Вардар, им ја додели истата трибина

во категоријата Спорт

Вардар во „Ланксес Арената“ веќе е како домаќин. Македонскиот првак трета година по ред е редовен учесник на фајнл-фор завршницата во Келн, нешто што претходно им успеало на имиња како Барселона, Келце, Веспрем, Кил…

Покрај херојската, дрска и борбена игра, „црвено-црните“ во Европа станаа препознатливи по фановите, едни од главните виновници за убавите ракометни денови во Македонија. За онаа добро позната атмосфера која навивачите на Вардар ја прават во текот на сезоната постојано пишуваат сите медиуми, а во ЕХФ се посебно воодушевени.

Токму затоа од европската „куќа на ракометот“ ниту за овој Ф4 не промени ништо кога станува збор за навивачите. „Црвено-црната“ боја ќе блеска на старо добро познатата трибина број 218. Токму од овој дел од „Ланксес Арената“ во изминатите две години доаѓаше поддршката за Вардар, вака ќе биде и на први и втори јуни. Билетите за полуфиналето и финалето веќе се пуштени во продажба, подетални информации може да се најдат на официјалната страница на РК Вардар.

Извор: https://sportmedia.mk/