Трговска војна со Косово; ССК: Имаме штети, да се најде решение

во категоријата Економија

Додека Владата дипломатски се обидува да ги тргне трговските бариери со Косово, трговците почнаа да ги чувствуваат загубите. Од Сојузот на стопански комори велат дека политиката треба да биде на страна на економијата, а за овој проблем решение мора да се најде побрзо бидејќи штетите ќе бидат големи.

„Институциите, значи Владата и ресорните министерства треба прво да се оди во првата фаза со медијација, меѓутоа нашиот став како стопанство е дека треба нашите претпријатија и да се премине кон втората поодлучно да се преземат мерки и чекори за да се заштитат… Фаза на некој поконкретни мерки за се надминат овие бариери како не би се продабочиле понатаму загубите кои многу тешко ќе се компезираат од страна на трговците“, рече Габриела Кулебанова- ССК.

Според Кулебанова, нашиот мед и компири ги задоволуваат сите потребни страндари за европскиот пазар, но со овие трговски блокади еднакво губат и двете држави.

„Блокадите никогаш не се добро решение особено во овој случај каде што има претходен договорен пласмен на стоки коишто во моментов имаат забрана за увоз од таа страна и извоз од наша страна, согласно тоа од претходните договарања за пласман трговците претрпуваат штети коишто во вакви случии е тешко да ги компезираат своите загуби“, додава Кулебанова.

До петок косовската агенција за храна ќе треба да ù испрати извештај на нашата Агенција за храна за здравствената состојба на рибните производи. Откако таков документ ќе пристигне од Приштина и ако сè е во ред со податоците, тогаш Агенцијата за храна ќе ја тргне бариерата за увоз на икра и рибен подмладок од Косово. Потоа би се очекувало косовската влада да ја тргне забраната за увоз на медот и компирите произведени во Македонија.

Андреа Чобанова

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk