Тијагус Дос Сантос: Вардар е силен тим, но сигурен сум дека ќе играме финале

во категоријата Спорт

Тијагус Дос Сантос, бекот на Барселона, противникот на Вардар во полуфиналето на Лигата на шампионите, кое се игра на први јуни верува дека неговиот тим може да стигне до нова титула во ова натпреварување. 

Бразилецот за ЕХФ најававува максимална битка на теренот, а во одбраната го гледа клучот во Келн.

„Ќе го дадеме максимумот. Имаме големи шанси. Се може да се случи на мечот. Вардар е силен тим, но доколку сака да не победи ќе мора да го заслужи тоа“, вели ракометарот на Барселона кој за првпат ќе игра на Ф4.

Мислам дека одбраната ќе биде клучна. Ако бидеме добри и нашите голмани бидат на ниво на задачата, имаме големи шанси да го победиме Вардар и да играме финале. Тие се физички силни и интелегентни, тоа ги прави опасни. Мора да бидеме агресивни во одбраната и да создаваме шанси за брзи напади“, вели Дос Сантос.

Извор: https://sportmedia.mk/