Тешка сообраќајка во Хрватска, загина македонска државјанка

во категоријата Македонија

Македонска државјанка го загуби животот во Хрватска кога автомобилот во кој се превезувала излетал од патот и се превртел. Од хрватската полиција информираа дека автомобилот имал германски регистарски таблички и оти и возачот, кој не побарал лекарска помош е исто така со македонско државјанство.

Несреќата се случила на автопатот А3 кај Окучани, а на теренот веднаш биле испратени екипи на полицијата, противпожарни единици и Брза помош. На местото на настанот се врши увид за да се утврдат причините за несреќата.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/