Тепачка меѓу врсници заврши трагично, 17 годишен кошаркар на МЗТ избоден со нож

во категоријата Македонија

Во паркот кај населбата Аеродром синоќа на полноќ се случувала вистинска драма. Момче на возраст од осумнаесет години, прободело со нож седумнаесет годишно момче – кошаркар на МЗТ Скопје. Кои биле причините за расправијата која претходела, засега не откриваат од МВР, од каде информираат дека само имало физичка пресметка помеѓу неколку лица. Во моментов се собираат дополнителни докази, а осомничениот е во полициска станица. Предметот е предаден во обвинителството и се очекува осомничениот да биде изведен пред судија на претходна постапка.

Извор: https://tv21.tv/