Тевдовски: Рамниот данок присутен само во социјалистички земји

во категоријата Бизнис од

7 ноември 2018 / 22:00

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, во денешната емисија „Економски Магазин“, на АЛСАТ-М, рече дека и покрај реакциите, владата останува доследна на потребата за воведување на прогресивен данок. Како што рече тој, стариот модел е остаток од друго време и оти полека се напушта од сите земји во регионот и пошироко. Министерот додаде дека рамниот данок ги намалил приходите на државата, како процент од БДП.
„Прогресивни даноци доминираат во ЕУ, ги има и во Америка, значи, рамниот данок го има само во поранешни социјалистички земји коишто низ последниве години го напуштаат, од нашето соседство го напушти дури и Албанија, во 2014 година.“

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/