ТАЈСОН И ПОРОЦИТЕ: Колку пари месечно троши само на марихуана?

во категоријата Спорт

Поранешниот светски боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон, призна дека троши по околу 40.000 долари месечно само за марихуана.

„Колку пушам месечно? Па околу 40 илјади долари?“, изјавил Тајсон.

Тој е постојан поддржувач на употреба на марихуана. Претходно во 2019 година, Тајсон отвори плантажа во Калифорнија, каде од 1 јануари е дозволено да продава марихуана за рекреативни цели. Тајсон планира да отвори фабрика за обработка на марихуана, како и продавница и работилница за други производители, каде што ќе бидат обучени за одгледување нови сорти.

Извор: https://sportmedia.mk/