Татко и син ги спасија своите животи скокајќи од автомобил во пламен

во категоријата Свет

УШАК

Во подрачјето на градот Баназ, во областа Ушак, се запали автомобил во движење. Возачот на автомобилот и неговиот син ги спасија своите животи скокајќи од возилото, јавува Anadolu Agency (AA).

Во автомобилот со кој татко и син патувале од селото Караќосе кон градот Баназ, додека се движеле по патот Ушак – Анкара, се запалил задниот дел во кој бил сместен ТНГ-системот за гориво.

За кусо време пламенот го зафатил поголемиот дел од возилото.

Со цел да не дојде до поголема несреќа од автомобилите кои наидувале зад возилото, возачот на автомобилот продолжил да вози уште некое време, за набргу потоа, заедно со својот син да скокне од автомобилот кој бил во пламен.

Таткото и синот со изгореници по телата, со возилата на брзата помош се пренесени во Државната болница во Баназ.

Возилото го изгаснале противпожарните екипи.

Движењето на возилото во пламен по патот е снимено со мобилен телефон од возило кое се движело по патот.

Во видеото може да се забележи како празното возило во пламен се движи по патот, удира во левата банкина и излетува од десната страна на автопатот.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/