Тамара доби награда за најдобар женски изведувач на Евровизија

во категоријата Македонија

Тамара Тодевска, овогодинешната претставничка на Евровизија, доби признание од музичката манифестација. Таа е прогласена за најдобар женски изведувач на изданието на Евросонг кое се одржа во Тел Авив (Израел). Ова гласање беше организирано од ЕСЦ радио, и Тамара освои 23.3 проценти од гласовите.

Зад неа се најде претставничката на Австралија, Кејт, а на третото место е Тамта од Кипар.

Покрај неа, како најдобар машки артист на Евросонг 2019 е прогласен Лука Хани од Швајцарија, а Кеиино од Норвешка е најдобрата група според гласовите на слушателите.

Наградата за најдобра песна отиде кај евровизискиот победник, Данкан од Холандија, а Тамара се најде на петтото место.

Тамара Тодевска победи според гласовите на жирито, а потоа заврши на седмата позиција кога се собраа и гласовите од телевоутингот.

Извор: https://tv21.tv/