Судијата што го судеше мечот Германија-Бразил 7:1 на СП стана тренер на шпански клуб

во категоријата Спорт

Мексиканскиот арбитар Марко Антонио Родригез утринава е назначен за нов тренер на шпанскиот второлигаш Саламанка. Она што беше јавна тајна, сега е официјално потврдено и од клубот и од самиот судија. Тој стави потпис на едногодишен договор, а ја има потребната тренерска лиценца поради тоа што ги има и сите сетрификати потребни за водење на фудбалски клуб.

Родригез беше контроверзен судија, а во својата татковина на еден меч, држејќи жолти картони во левата и десна рака опоменал двајца играчи одеднаш. Поради тоа бил суспендиран од Мексиканскиот сојуз.

Тој судел на три Светски првенства, во Германија, Јужна Африка и Бразил, а го судеше епското полуфинале на СП во Бразил помеѓу Германија и Бразил (7:1) како и дуелот помеѓу Уругвај и Италија во групната фаза кога го исклучи Суарез поради тоа што го гризна противничкиот дефанзивец Киелини.

Родригез е поранешен професор по физичко воспитување, а работел и како спортски коментатор во Шпанија.

Извор: https://sportmedia.mk/