Суарез: Никој не ме разочарал како Валверде

во категоријата Спорт

Денис Суарез минатата година не се наигра во дресот на каталонскиот тим во првиот дел од сезоната, ниту пак во вториот дел кога беше испратен во Арсенал на позајмица. Барселона на крајот ова лето го продаде на Селта за 12 милиони евра.

25-годишниот фудбалер беше и во младинските школи на Сити и Барселона, шпанскиот тим на двапати го враќаше во својот тим, но не доби вистинска шанса.

Суарез едвај чекал да си замине, не се чувствувал најдобро во тимот. Тој откри дека имал лоши односи со тренерот Ернесто Валверде, кој го разочарал на крајот.

„Не зборев со него долго време. На крајот ниту ми посака среќа во новиот клуб, ниту ми кажа збогум“, изјави Суарез.

Извор: https://sportmedia.mk/