Студентите на ДУТ: Не се исполнети нашите барања

во категоријата Македонија

Студентите на ДУТ кои протестираа во декември минатата година велат дека нивните барања наидуваат на глуво уво. Најгласни се студентите по медицина. Тие велат дека и покрај ветувањето, повеќето барања не се реализирани. Тие бараат подобри услови во лабораториите, велат дека немаат реагенси што треба да се снабдуваат редовно, а дополнителен проблем е и недостатокот на опрема.

Како прво, недостаток на амфитеатри, во лабораториите има многу малку алатки, основните средства што ни требаат за пракса, условите се катастрофални. Ние како студенти праксата ја одржуваме во приватни ординации, ова е тешко за нас”

Треба да се обноват инструментите што треба да ги користиме, оние што ги имаме се стари, недостасуваат голем број на инструменти. Министерството треба да обезбеди повеќе услови ” – рекоа студентите

Деканот на Медицинскиот факултет, Кастриот Хаџиреџа, рече дека Универзитетот ги исполнил своите обврски фрлајќи ја топката до Министерството за образование и Министерството за здравство.

На лабораториите им треба силна инфузија, но тоа во голема мера зависи од Министерството  за здравство и образование. Ние одлучивме дека секој испит да се одржи од двајца или повеќе педагози,  како и испитите да се прават во форма на тестирање. Имав забелешки од многу студенти, дека биле принудени да купуваат книги од педагози за одредени предмети и веднаш да го повикав целиот персонал и побарав такви злоупотреби да се избегнуваат ” – Кастриот Хаџиреџа, декан на Медицинскиот факултет

Министерот за здравство Филипче, кој пред некој ден го посети Медицинскиот факултет во ТУ, за практичниот дел студентите ги упати во болницата 8 септември.

Студентите по медицина, исто така, бараат научните екскурзии да бидат покриени од страна на Универзитетот и Министерството за образование. – Венко Филипче, министер за здравство

Башким Сулејмани

 

 

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/