Страшен пожар во болница во Бразил – најмалку 11 загинати (ВИДЕО)

во категоријата Свет

Десетици пациенти и вработени во болницата се повредени , а меѓу повредените има и четворица пожарникари.

Пожарот избувнал во болницата Бадим во северниот дел на Рио околу 6.30 часот по локално време, а на ТВ-снимките се прикажани евакуирани пациенти кои лежат во креветите на улицата, опкружени со медицински сестри и доктори.

Причината за пожарот се чини дека е краток спој.

Од болницата соопштија дека во моментот на пожарот биле хоспитализирани 103 пациенти, а пожарникарите соопштиле дека најмалку 90 се пренесени во други болници.Пожарникарите биле во можност да го изгаснат пожарот за околу два часа, објавија локалните медиуми.

Извор: www.kanal5.com.mk/category/svet

последни од Свет

оди на почеток