Спортинг даде зелено светло – Ристовски може во Лацио!

во категоријата Спорт

Португалскиот шампионат е при крај, а Спортинг Лисабон на лето ќе направи реконструкција во своите редови, а меѓу оние на кои нема да смета за идната сезона е македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.

Според португалското издание „Абола“ македонскиот интернационалец против Тондела го одиграл последниот меч во дресот на лисабонскиот клуб. На тој дуел Ристовски доби црвен картон, а е казнет со два дополнителни натпревари што значи дека ќе го нема на теренот до крајот на сезоната. Згора на се Спортинг сака да го продаде нашиот играч и да ангажира друг на неговото место.

Зимоска Лацио се интересираше за Македонецот меѓутоа тогаш лисабонскиот клуб не го пушти, сега е спремен да го продаде за било која сума. Тоа е уште една шанса за спортскиот директор на Лацио Игли Таре повторно да седне на маса со раководните луѓе на Спортинг и да ја заклучи зделката.

 

Извор: https://sportmedia.mk/