Спасено девојче од 3,5 години 103 часа по земјотресите во Туркије

1 min read

ХАТАЈ (АА) – Зејнеп Епа Парлак, девојче кое има само 3,5 години, е спасено од под урнатините 103 часа по разорните земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.

Девојчето Парлак е спасено од под урнатините на зграда во Хатај и префрлено е во болница по укажаната медицинска помош на самото место.

„Најмалку 18.342 лица загинаа, а 74.242 се повредени по двата силни земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, а кои се окарактеризирани како катастрофа на столетието“, потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Два разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите за претрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите.

АФАД објави дека во моментов на терен работат повеќе од 120.000 спасувачи и трагачи.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Поништен повикот за субвенции за нови авиолинии

Следно

Скопјанец застрелан со пиштол на паркинг во Аеродром

Latest from Blog

ФБИ човекот на Еди Рама

Минатиот месец против поранешниот функционер на ФБИ беа покренати федерални обвиненија. Според Министерството за правда, по