Составот на Бразил за Копа Америка, Тите откачи осум ѕвезди

во категоријата Спорт

Селекторот на Бразил Тите го објави списокот на 23 фудбалери кои ќе го претставуваат Бразил на претстојната Копа Америка. Тите „откачи“ осум ѕвезди вклучувајќи и двајца играчи на Реал Мадрид.

Винисиус и Марсело од Реал не се најдоа во потесниот избор, а место немаше ни за фудбалерот на Ливерпул Фабињо ни за сензацијата од Тотенхем Лукас Моура. Вон тимот се уште Даглас Коста (Јувентус), Вилијан и Давид Луиз (Челси) и Фред (Манчестер Јунајтед).

Во екипата е првата ѕвезда Нејмар, потоа искусниот Даниел Алвес во одбраната, а место имаше и за откритието на сезоната Давид Нерес од Ајакс.

Копа Америка оваа година ќе се одржи во Бразил од 14 јуни до 7 јули. Бразил е во групата А со селекциите на Боливија, Венецуела и Перу.

 

Извор: https://sportmedia.mk/