Соработка за пример: ФК Ц. Звезда му подари 300.000 евра на КК Ц. Звезда!

во категоријата Спорт

Убав пример за соработка на фудбалскиот и кошаркарскиот клуб Ц. Звезда. На денешната средба на генералниот директор на ФК Ц. Звезда Ѕвездан Терзиќ и преседателот на КК Ц. Звезда Небојша Човиќ, одлучено е фудбалскиот да му подари или донира, 300.000 евра на кошаркарскиот.

Познато е дека тимот од „Маракана“ и оваа година се пласира во групната фаза во ЛШ, тоа значи дека заработката ќе биде најмалку 20 милиони евра, па може да си дозволи да му помогне на својот „братски“ клуб.

Извор: https://sportmedia.mk/