Склучен договор помеѓу град Скопје и Црвен Крст на град Скопје

1 min read

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска од терен порача дека и оваа година овозможуваат непречено функционирање на Пунктот и Прифатилиштето за бездомни лица на Црвениот крст во Момин Поток, каде се згрижуваат од 150 до 180 лица. 

-Новата година да мине во духот на хуманост и подадена рака, во која важно е секој од нас во рамки на можностите да помогне за оние лица што секојдневно се борат со студот, гладот и немањето основни услови за живеење, безбедно да го поминат зимскиот период. Континуирано превземаме мерки и активности за остварување социјална грижа и подобрување на квалитетот на живеење на бездомните лица, затоа што најважно е да се обидеме да помогнеме онаму каде можеме, рече денеска Арсовска. 

Град Скопје обезбедува поддршка на програмите за привремено прифаќање и згрижување на лицата бездомници со обезбедување дневен престој со оброк, здравствена заштита, услови за одржување хигиена, советодавни услуги, во соработка со Црвениот крст на град Скопје.

– Ја следиме работата на постоечките центри и со соработка со Црвениот крст на Град Скопје и невладините организации кои се активни на ова поле, развиваме програми и проекти кои водат во насока на проширување на капацитетите за привремено прифаќање и згрижување на бездомните лица, речеденеска Арсовска. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Гундоган се сели во Барселона

Следно

Лихтенштајн на референдум ќе одлучува за казината

Latest from Blog

Марија Павловска добитничка на престижната меѓународна награда „Донатело“ на Фондацијата ‘Fondazione Effetto Arte’ во Палатата Боргезе во Фиренца

Селектирана и посочена како уменик со активност на интернационално ниво, Марија Павловска, e добитничка на престижната меѓународна