Сиљановска Давкова: Не е многу за фалење да речеме дека 38 отсто во Парламентот се жени

во категоријата Македонија

Почитувани,

Жените доаѓаат, Македонија има искуство, повеќегодишно искуство дека мажите се на власт. Навистина не е многу за фалење да речеме дека 38 отсто во парламентот се жени, сериозна бројка. Духовното, креативното е во нас, кај нас жените.

За некои работи не можете да правите компромис, немате право, не сте овластени, нешто што сте наследиле треба да го пренесете. Нешто што без кое вие не сте таа која сте или тој кој што сте, не можете да го договарате или да го преговарате. Но најважното мислам дека тезите за качување на последни возови и стигнување пред портите на Брисел и слично се нелогични за мене. Подобро е ние овде Македонија, европска да ја градиме, да ја препознаваме, да не се оди со Ориент експрес кон Европа, туку на поинаков начин и мислам дека треба да се осврнеме на она што се вика Копенхагешки критериуми.

Без владеење на право не може да има ни просперитет, ни економија, не може да има сигурно ни демократија. Без квалитетна администрација костурот на државата не можете да правите реформа, не ќе продуцирате клиентелизам, непотизам, впрочем тоа е нашиот амбиент. Без битка со криминалот и корупцијата не се оди напред, дури не може ниту да се развива економијата. Се разбира дека понатаму без сузбивање на непотизмот нема крај. Ние станавме скандалозна земја и крајно време е да се зафатиме на поинаков начин да ги решаваме прашањата.

Кога велам жена, жена, жена, не сум ја направила јас кариерата како жена, иако за нас велат дека мораме да докажеме дека сме вредни а зад секој успешен маж се криело и биле предоредени за политика, а жените иако политиката е во женски род, треба да докажат.

Јас ќе ја практикувам, ко ме изберете претседателската функција на еден поинаков начин, да речеме веќе еднаш сум рекла не знам зошто само еднаш годишно се обраќале во минатото мажите и тоа обично пред нова година, не јас мислам 12 пати да се обраќам пред парламентот , не за да покажам колку сум силна жена и дека им конкурирам на мажите, туку да ги предупредам дека како претставник на граѓаните имам обврска да укажам на лица со посебни потреби, со посебни проблеми, на ромска заедница, на здравствени работници, на пензионери, на егзодус на младите, пораките ќе бидат упатени до пратениците, но преку нив всушност и до граѓаните од кои ми извира легитимитетот.

Вето нема да ставам за да се покажам исто дека сум силна, туку секогаш за да го штитам Уставот и законите и ќе побарам да го образложам ветото, пред пратениците всушност да чујат граѓаните зошто ставам вето.

Нема да делам одликувања и признанија на партиски и на политички луѓе, зошто ако се најде наградата на вистинското место кај некој кој што симболизира креација, уметност, знаење, тогаш луѓето ќе речат ако инвестирам во себе имам шанса како најдобар да се најдам на најдоброто место и нема зошто да заминувам надвор.

Во сите органи дали е тоа Совет за безбедност ќе препознаете луѓе со биографија, луѓе со знаење, зошто чуму ви е некој кој не е критичен за безбедносните прашања во Македонија. Истото го мислам и за Уставниот суд, погледнете дали ние имаме Уставен суд, немаме. Имаме неуставен суд. Каде е Уставниот суд досега колку пати до сега требаше да реагира.

Значи Гувернер ли е, тука признавам дека имаме извонредна особа, Гувернерка на Македонија, значи на тој начин ќе се однесувам. А, Уставот ни стана како кувар со странски рецепти. Но парализирана ни е демократијата и јас како некој што живее и стои за уставното право гледам овде некои од луѓето кои можеби се најзаслужни или највиновни зошто јас влегов во сево ова. Не знам. Едното го мислам ама ме убедија, нив им верувам, жени се, еве ги зад вас стојат.

И никогаш нема да го заборавам нивното влијание на мене. Кога ми е тешко одма ми се враќа во мислите, ќе формирам уште во стартот една група од македонски и странски експерти по уставно право и самата стотици страници сум напишала за проблемите во македонската демократија. Ние и немаме вистински систем на поделба на власта, какви проблеми видовте имаме со кому да се довери ветото, дали е на правото место, кому да се довери мандатот. Дали ветото е какво што треба, прашања од кои што зависи како ќе функционира оваа земја.

За да е ирелевантно дали е ВМРО на власт, дали е СДСМ, ДУИ или БЕСА да си функционира државата сама по себе. Без процедура нема демократија. Јас ќе се обидам еве што и да се случи тоа да го направам, на мој начин и мислам дека тоа ќе остави траг.

Дека е така ми кажуваат дописите од студентите. Јас нив најмногу им верувам и велам дека вие сте бунтовници и со причина или без причина. Јас ве заразувам со критичко мислење. Ако не сте бунтовни нема ни наука, нема ни добро новинарство ако не сте критични. Од тоа ништо не бега. Затоа јас реков кактус сакам да сум.

Прашање: Вашиот опонент Стево Пендаровски од отворањето на штабот синоќа порача дека концептот што го нудите повторно ќе ја врати Македонија како заробена држава, евроинтеграции и НАТО. Во делот во кој што најавивте во изјава за штетноста на договорите. Каква порака ќе му порачате?

Одговор: Прво ревизија е зборот од Студената војна, и од Комунизмот и не постои во мојот речник. Јас како правник кога се повикувам на владеење на правото се разбира мислам и сум консултирала луѓе што мислата за она за што е клучен критериум Копенхагешки, владеење на правото. Нема да постојан ОН доколку се разбира не се почитува она што е задолжително, меѓународно право, ние го викаме правниците „jus cogens“, оти видете судот на правдата на Хаг не го формиравме ние, го формираа ОН и сега тој суд е надлежен во последна инстанца за сите проблеми што ќе произлезат од Преспанскиот договор. Иначе коментарот не го градев јас тој модел, туку г. Пендаровски. Кој беше со децении национален советник за безбедност и за надворешна политика, па и до неодамна изјавуваше дека името е непроменливо, дека за него треба широк конзенсус, дека никој не овластил географска одредница, некого да договара итн. Не, јас велам дека ќе се држам до правото и до правдата. И за еден професор по Уставно право тоа ми се чини најважното. А, сега не знам кога зборуваме за претседатели што е подобро. Дали некој кој тешко гради став ама и го почитува или пак некој кој што заради кариерата ги менува ставовите. Јас првото го преферирам.

Прашање: Задоволни ли сте од сегашната кампања на сите тројца кандидати?

Одговор: Јас сум модерна жена, се разбира повеќе би сакала скромна кампања. Велам , не се чувствувам пријатно по билборди, велам дека не треба можеби да има такви собири но го почитувам пак членството. Не заборавајте дека јас сум нов човек меѓу тие луѓе, со право имаа многу недоверба кон мене бидејќи доаѓав од надвор, помнат дека сум ги критикувала, но мислам дека отворената врата многу зборува. И сега што се случува таму, да влегував и кон мене го чувствував погледот со дилеми ама излегувам насмеана со тоа што ми веруваат. Ирелевантно е за еден претседател дали е член на партија или не е, дури мислам дека тоа што треба да биде модератор, арбитер подобро се врзува за непартиски или натпартиски човек. Зошто тогаш ќе се обединиме околу вистинските демократски принципи. Компромис може да правите само во нив и со нив. За партиски прашања и за политички други нека прават компромис, а јас ќе се повикувам на граѓаните, ќе се повикувам на луѓето кои ме поддржаа. Тоа беше првата иницијација и се разбира ќе се повикувам на фактот што кога велам ќе почнам од себе во реформите, ќе ги укинам привилегиите за претседателите оти чуму ви е кога ќе го завршите мандатот. Па сега не знам да имате обезбедување па канцеларии, оти јас не сум чула какви има активности во тие канцеларии. Ама велам и мислам дека тоа е и веруваат и се согласуваат дури и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Замислете сега ако на ова се надоврзе една реформа од типот на половина барем влада помала, заменици министри не ни требаат, тоа е фрлање пари. Заменици на директори на Јавни претпријатија не ни требаат. Ни треба мала квалификувана јавна администрација ама парите нека одат кај граѓаните. И велат дека тоа е вистински реформски чекор и јас ќе ги држам за збор.

Прашање: Дали има фер и демократска кампања според кодексот што го потпишавте?

Одговор: Јас кажав за мене е зборот најважен. И јас ќе го почитувам. Ниту сум зборувала, ниту ќе зборувам, има што да кажам со аргументи за вистински процеси за институции. А, кога е кампањата во прашање кај некои од кандидатите уште музика да пуштат во емисиите за да се чувствуваат пријатно. А, кога сум јас во прашање не е така, жално е кога луѓе кои зборуваат за заштита на човекови права кршат човекови права. Многу жално е. И такви предмети има во Стразбур оти мене можете да ме сликате вие новинарите и да ме објавите на насловна страници и било каде, ама моите не. Затоа треба дозвола. Не можете да нарушувате приватност, слобода на движење, слобода на изразување, право на среќа. Но тоа е, така почнаа. Јас не ни очекував нешто друго колку кодекси се потпишаа и се заборавиле но јас можам да гарантирам за мојот потпис. Дека тој нема да исчезне. Држете ме за збор. И чув денеска ме прашаа нешто, не сум видела во некој спот како ми се чини машки глас вели дека жените не лажат. И ми велат што е тоа. На толку лаги со децении веројатно мажите велат ајде да пробаме да ги провериме жените, можеби тие навистина не лажат.

Гордана Сиљановска Давкова, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

— – (-) –

Извор: https://tv21.tv/