Сигурдсон: Сакаме да напредуваме, не дојдовме на Мундијалот по бодови

во категоријата Спорт

Непознаницата Јапонија е првиот наш противник на Светското првенство во Германија и Данска. Брзите ракометари на Дагур Сигурдсон се силна опомена за нашиот национален тим, а селекторот на азискиот претставник јасно ја префрла улогата на фаворит кај останатите четири-пет селекции во групата. 

„Потполно ни е јасно дека сме една од најслабите селекции во нашата група. Се наоѓаме во друштво за висок пласман заедно со Хрватска, Шпанија, Македонија, Исланд, а минатата година загубивме и од Бахреин. Нашата прва и основна цел е да оствариме напредок во споредба со минатото Светско првенство. Во минатото често на овој национален тим му се случуваше да одигра добро во целина, но само за неколку лоши минути, целосно да го расипе впечатокот. На наша среќа мислам дека направивме неколку чекори напред кон смалување на тие осцилации во натпреварот“, истакна Сигурдсон.

Јапонската селекција го освои 22-то место на Светското првенство во Франција пред две години, што беше окарактеризирано како неуспех и беше доведен исландскиот стручњак за да се напредувам пред Олимписките игри на домашен терен. 

Извор: https://www.gol.mk/