Се скараа Обвинителството и претседателот Пендаровски

во категоријата Македонија

Се скараа шефот на државата Пендаровски и Јавното обвинителство на Јовески. Во писменото соопштение на Обвинителството стои дека не е време за напади на институциите и дека нема да биде дозволено дискредитирање на обвинители и мешање во кривични постапки од страна на политичарите. За предметот Рекет постапувале неселективно и навремено  и дека инволвираните во кривичните дела ќе одговараат пред законот и оти политичките притисоци ќе влијата штетно.

Јавно обвинителство:

„….Подлегнувањето на политички притисоци и мешање во работата на обвинителството, штетно влијае врз текот и успешноста на истражната постапка и врз обезбедување на доказите.“

На ова реагираа од Кабинетот на Пендаровски. Оттаму наведоа дека претседателот по ниту еден основ нема направено дискредитација на Јавното обвинителство, ниту пак постои намера за напаѓање на надлежните институции и мешање во кривичните постапки коишто се во тек.

Кабинет на претседателот Пендаровски:

„Потенцираме дека Претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази целосна поддршка за надлежните институции, а особено на обвинителството и судот и истакна дека ќе стори сè, за да ги заштити од евентуалните притисоци при спроведување на истрагата и целосно расветлување на случајот Рекет.“

Кабинетот на Пендаровски уште еднаш укажува дека е потребно ефективно, брзо и темелно завршување на истрагата за случајот „Рекет“ почитувајќи го начелото на презумпција на невиност. А, вчера Пендаровски во свото обраќање рече:

„Одговорност и казни мора да следуваат за сите чија вина ќе се докаже без разлика дали станува збор за обвинители, членови на политички партии, бизнисмени и политичари..“, рече Пендаровски.

За случајот „Рекет“ доцна синоќа твитна и американската амбасадорка во Македонија, Кејт Брнс.

„Како што кажавме претходно, ова се сериозни обвинувања што бараат сериозен одговор што ќе биде темелен, транспарентен и навремен. Сега е моментот Северна Македонија да покаже посветеност на владеење на правото.“

Претходно и еврокомесарот Јоханес Хан наведе дека сите криминалии мора да бидат истражени, надлежните институции ослободени од секакви влијанија, а престапниците да бидат изнесени пред лицето на правдата.

Весна Велкова

 

 

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/