Се менуваат цените на горивата, Регулаторна го објави новиот ценовник

во категоријата Економија

Бензините поскапуваат за половина денар, додека за истиот износ се намалува цената на дизелот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 69 денари за еден литар, додека Еуросупер БС – 98 ќе се продава по 71 денар за литар.

Еден литар дизел Еуродизел (Д-Е V) ќе чини 61 денар за литар, додека новата цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе биде 50,50 денари за литар.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk