Серхио Рамос се повлекува од шпанската репрезентација

1 min read

Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Серхио Рамос објави дека се повлекува од шпанската репрезентација.

– Дојде време да се збогуваме со репрезентацијата. Утрово добив повик од мојот сегашен тренер кој рече дека не смета на мене без разлика на кое ниво можам да играм. За моја жал, ова е крајот на едно патување за кое се надевав дека ќе биде подолго и ќе заврши многу подобро, напиша Шпанецот на социјалните мрежи.

Триесет и шестгодишниот фудбалер има 180 настапи за националниот тим и постигна 23 гола.

Како дел од „Црвената фурија“ стана светски шампион во 2010 година и двапати стана европски шампион (2008, 2012).

ИЗВОР: kurir.mk

Претходно

Ирански министер повреден во хеликоптерска несреќа, загина негов соработник

Следно

Западното предавство на слободата

Latest from Blog

ФБИ човекот на Еди Рама

Минатиот месец против поранешниот функционер на ФБИ беа покренати федерални обвиненија. Според Министерството за правда, по