Свлечиште во Турција: Се трага по 6 лица

во категоријата Свет

ДУЗЏЕ

Интензивните врнежи од дожд предизвикаа поплави и свлечишта во кои исчезнаа 6 лица. Во тек се активности за нивно пронаоѓање, јавува Anadolu Agency (AA).

Екипите на турската Жандармерија за пронаоѓање и спасување, Дирекцијата за управување со кризи и вонредни состојби (АФАД), Здружението за пребарување и спасување (AKUT) и голем број други спасувачки тимови пристигнаа во селата Есмаханим и Угурлу, кои се најпогодени од поплавите што го зафатија подрачјето на Меленагзи.

Во тек се операциите за пребарување на речните корита и околу нив за да се пронајдат шестемина исчезнати, од кои 4 се деца.

Поради веројатноста водата да ги однесе исчезнатите лица во морето, во акцијата се ангажирани 226 лица, 34 возила, 16 моторни чамци, 8 кучиња и хеликоптер.

Градежната машинерија ги пребарува подрачјата што ќе ги посочат кучињата за пребарување.

Од друга страна, екипите на Црвената полумесечина, мобилните возила на обласната Дирекција за здравство и останатите хуманитарни организации продолжуваат да им пружаат помош на луѓето во подрачјето погодено од поплавата.

На ноќта од 17 кон 18 јули, интензивните врнежи од дожд предизвикаа прелевање на Мелен Чаји во подрачјата на Џумајери, Ѓолјака и Акчакоџа, при што на повеќе места дојде до поплави и свлечишта. Спасувачките екипи од погоденото подрачје извлекоа 227 лица, а беше пријавено дека 7 лица се исчезнати.

Во акциите спроведени утредента, меѓу селата Есмаханим и Угурлу во коритото на реката пронајдено е телото на 42-годишна жена, која е една од исчезнатите.



. (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: https://www.aa.com.tr/mk/