Салцбург го подобри својот и австрискиот трансферeн рекорд

во категоријата Спорт

Австрискиот шампион Салцбург денеска го собори сопствениот и воедно австрискиот рекорд во најскап трансфер на фудбалер. „Биковите“ го ангажираа 21-годишниот австриски репрезентативец Максимилијан Вебер кој доаѓа од Севиља и за него платија дури 12 милиони евра! Младиот дефанзивец стави потпис на договор до 2024 година.

Вебер е дете на Рапид Виена која го продаде на Ајакс за 8 милиони евра во 2017 година, а холандскиот клуб во јули оваа година го продаде на Севиља за 10,5 милиони евра откако минатата година играше како позајмен во шпанскиот клуб.

Сега Шпанците решија да го продадат на Салцбург и да заработат нешто од него – приход од 1.500.000 евра.

Така трансферот на Вебер ги собори сите претходни рекордни трансфери во Австрија, а кои ги правеше Салцбург. Минатиот месец повеќекратниот австриски шампион го купи бекот Расмус Кристенсен за 5.000.000 евра (од Ајакс), а за исто толку пари платија за Ерлинг Браут Халанд во јануари 2019 година (од Молде) и Мунас Дабур во 2016 (од Грасхоперс).

Извор: https://sportmedia.mk/