Саем на компанијата „М СОРА“ – „Македонскиот пазар е многу прогресивен“

во категоријата Македонија

Словенечката компанија за производство на материјали за врати и прозорци „М СОРА“ одржа саем со голем број компании чија примарна дејност е производство на делови за врати и прозорци. Целта на домашниот сам е да се креира врска меѓу производителот, инвеститорот и странските партнери. Претпријатијата кои ги изложија своите производи се од Германија и Словенија и Италија. Извршниот директор на компанијата, вели дека ја избрал Македонија бидејќи верува оти нејзиниот пазар е прогресивен и дека можностите за растење се многу големи.

На саемот присуствуваа и студенти од Универзитетот „Мајка Тереза“. Тие велат дека посетата на саемот е користа и атрактивна за нив.

Инаку, компанијата „М СОРА“ е застапена во седум земји. Во јануари 2018 година пристигна и во Северна Македонија. Компанијата брои вкупно 240 вработени.

РЕПОРТЕРКА: АЛМЕДИНА ИСМАЈЛИ

Извор: https://tv21.tv/