САД ќе ги редуцираат санкциите кон Huawei

во категоријата Технологија

Американските власти објавија дека ќе ги редуцираат санкциите претходно воведени кон кинеската компанија Huawei, соопшти американското Министерство за финансии.

Во соопштението се наведува дека дека отсега Вашингтон им дозволува на националните компании да продаваат производи на Huawei, ако тоа не ја загрозува националната безбедност.

Компанијата сепак останува на црната листа и американските компании морат да добијат дозвола од Министерството за трговија ако сакаат да соработуваат со Huawei.

Претходно претседателот Доналд Трамп и неговиот кинески колега Си Џинпинг, се договорија да ги обноват трговските преговори.

ИЗВОР: https://usb.mk