САД: Три лица загинаа, од кои едно дете, во оружен напад во Флорида

1 min read

ВАШИНГТОН (АА) – Три лица загинаа, меѓу кои деветгодишно дете и еден дописник, во оружениот напад извршен во градот Орландо, во американската сојузна држава Флорида, пренесува Анадолу.

Во соопштението на канцеларијата на шерифот на Флорида се наведува дека е приведен 19-годишниот вооружен напаѓач Кит Мелвин Мозез.

Во нападот загинаа деветгодишно девојче и млада жена, неговата мајка, кои биле изложени на нападот во близина на нивниот дом.

Исто така, полицијата соопшти дека цел на нападот биле и двајца дописници кои на местото на настанот дошле да известуваат за него, при што еден од дописниците загинал.

„Упатуваме најдлабоко сочувство до семејствата. Ова е тажен ден за нашето општество“, се вели во соопштението.

Сѐ уште не е откриена причината за нападот. Започната е истрага во врска со случајот.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Барселона не го продаде Рафиња на Арсенал за 70 милиони евра и покрај финансиските проблеми

Следно

Ова повеќе не може и не смее да се толерира, порача Стефковски по денешните дојави за бомби во училишта

Latest from Blog

ФБИ човекот на Еди Рама

Минатиот месец против поранешниот функционер на ФБИ беа покренати федерални обвиненија. Според Министерството за правда, по