САД: На воените злосторници не им е место во владата на Косово

во категоријата Регион

Амбасадата на САД во Приштина изрази загриженост по одлуката на приштинската влада за назначување поединци осудени за воени злосторства на водечки позиции.

Како што пренесува агенцијата „Спутник“, повикувајќи се на извори од „Газета Експрес“, амбасадорот Филип Коснет и претходно порача дека на осудениците за воени злосторства не им е место во косовската влада.

„Именувањето на овие неквалификувани поединци ја поткопува довербата којашто сака да ја изгради Косово и ја оставаат земјата без можност да има квалификувани лица на соодветни позиции. Истовремено тоа е срамота за жртвите на злосторствата од минатото“, се наведува меѓудругото во соопштението.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/