Робот на Ford доставува пратки и се движи како човек (ВИДЕО)

во категоријата Технологија

Ford, којшто е препознатлив по производство на автомобили и товарни возила, експериментира со нешто сосема ново, а тоа е робот што доставува производи и се движи како човек, пишува CNN.

Роботот, што го носи името Digit 1, е наменет за испорака на производи од автономно возило до вратата на крајниот корисник.

Автомобилскиот производител соработува со Agility Robotics, старт – ап од Орегон, за да развијат хуманоиден робот што може да носи тежина од 18 килограми.

ИЗВОР: https://usb.mk