Ристовска: Дејства на поединци не го карактеризираат целото СЈО

во категоријата Македонија

„Дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас кои работите со висок професионален интегритет“, рече специјалната обвинителка Ленче Ристовска на прес конференцијата која штотуку заврши во просториите на СЈО. Таа посочи оти сѐ уште нема информации дека специјалната обвинителка е опфатена со истрагата во чии рамки вчера беше одреден притвор за Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, апелирајќи дека пресумпцијата за невиност мора да се почитува.

„Нема информации дека специјалната обвинителка е опфатена со таа истрага. Ја бараме довербата од граѓаните и дејствијата на поединци не ги карактеризираат дејствијата на сите нас кои работите со висок професионален интегритет. Апелираме да се расчистат сите случувања за да може и натаму професионално СЈО да продолжи да работи”, додаде Ристовска.

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/