Ристевски се врати во Тиквеш, Кавадарчани почнаа со продажба на сезонски билети!

во категоријата Спорт

Можеби по малку неочекувано, но Тиквеш со враќањето на Марјан Ристевски го доби најголемото засилување во пресрет на стартот на новата сезона во Втората лига – Исток. Со него имаше мали недоразбирања, кои се надминати, а Ристевски во неделата играше во Битола, каде постигна и ефектен гол.

Инаку од ФК Тиквеш информираат дека клубот почнал со продажба на сезонски билети. Првиот билет го купи Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев. Покрената е акција преку купување на сезонски билети, да му се помогне на ФК Тиквеш во остварување на целта, а таа е враќање во елитната лига на Македонија.

Извор: https://sportmedia.mk/