“Рекет”, дел од сведочењето на Камчев протече во јавноста

во категоријата Македонија

Јас од месец септември 2018-та година до некаде 10 април 2019-та сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства. Вака почнува сведочењето на бизнисменот Јордан Камчев пред обвинителката Вилма Рускоска за случајот „Рекет“, кое може да се прочита од записникот кој го објави порталот „Инфомакс“. До крајот на страницата, Камчев раскажува и како Боки 13 му нудел проекти а тој одбивал да ги финансира бидејќи биле неисплатливи а и веќе знаел дека на сличен начин биле измамени други бизнисмени.
Објавувањето на документот наиде на осуда од јавното обвинителство и најави дека истражува како „протекол“ документот.

Обвинителството нема да ги коментира информациите изнесени во јавноста, но ќе потенцира дека откривањето на доверливи информации од страна на поединци претставува опасност и штета за севкупниот општествен систем и е кривично дело. Со протекување на ваков вид документи се повредува пресумпцијата на невиност, се загрозуваат животи на инволвираните лица и воопшто сe отежнува текот на постапката – велат од Јавно обвинителство на РСМ.

Но, освен објавената една страница од документот, порталот „Инфомакс“ а потоа и други електронски медиуми тврдат дека Камчев во сведочењето ги инкриминирал премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други функционери. Тоа не може да се прочита и провери од едната објавена страница. Алсат побара, но не доби официјален став од обвинителството. Но, добро упатен извор, неофицијално ни потврди дека дел од објавеното во медимите го нема во сведочењето на Камчев, односно дека „ниту ги има во записникот, ниту пак произлегуваат од содржината на записникот“. Обвинителството веќе има почетно сознанија од каде „протекол“ документот, бидејќи тој спис бил „залепен на предмет“.

Официјален став од обвинителството побара и премиерот Зоран Заев кој најави тужба, во која ги повика да му се придружат сите споменати функционери.

Ова е типичен пример на лажна вест. Новинарот го спомнува името на премиерот, на заменик- претседателот на владата на министерот за надворешни работи, потпретседателката на Собранието и тоа не го покажува, ако манипулира само со прва страна од записникот и алудира дека во записникот има вакви работи, тогаш тоа дефинитивно е лажна вест која ја преокупира целата јавноста -изјави Зоран Заев- премиер.

Барање за извинување и повлекување на текстовите јавно упати министерот за надворешни работи Никола Димитров. Министерката за одбрана Радмила Шеќеринска најави тужби затоа што, како што вели, реакциите до нив се непотребни и залудни.

Алсат

.

Извор: https://www.alsat-m.tv/mk/