Редизајнираната апликација Pocket ги чита на глас сите ваши зачувани статии

во категоријата Технологија од

Апликацијата Pocket на Mozzila ќе стане уште покорисна кога станува збор за непречено читање, дури и тогаш кога нема да сакате да гледате во екранот од вашиот смартфон или лаптоп. Компанијата претстави редизјанирана апликација Pocket 7.0 за Android, iOS и веб чиј фокус е непречено слушање.
Сега ќе може само да го допрете копчете listen за да вклучите гласовно читање на сите ваши зачувани статии, што е практично доколку на патот кон дома не сакате постојано да гледате во екранот на вашиот мобилен телефон. Тимот кој работи на оваа апликација додава почовечки глас за уште подобро искуство.
И дизајнот на апликацијата е променет за попријатно искуство додека листате во неа.
Мобилните верзии за апликацијата би требало веќе да бидат достапни за симнување.

Извор: https://usb.mk/