Реал му го продава Асенсио на Ливерпул за 50 милиони поевтино отколку во февруари!

во категоријата Спорт

Не е тајна дека европскиот шампион Ливерпул е заинтересиран за купување на младиот шпански репрезентативец Маркос Асенсио, но досега нема конкретни информации за евентуалните преговори. Сепак, денеска дел од англиските портали, објавија информација дека по последните контакти меѓу двата тима, Реал поставил делумно разумна цена за младиот офанзивен фудбалер која може да го натера Клоп да тргне силно по неговиот потпис ова лето.

За 23-годишното крило Реал (М) наводно сега бара дури за 50 милиони евра помалку отколку во февруари оваа година, кога „црвените“ го направија првиот обид да го донесат на „Енфилд“. Сега, Реал Мадрид е подготвен да го продаде играчот во Ливерпул за 80 милиони фунти. Договорот на Шпанецот со Реал е до 2023 година,  а само пред шест месеци „кралевите“ за него бара 130 милиони фунти.

Причината за оваа великодушност е тековниот трансфер прозорец, во кој Реал почна да троши „луди“ пари за нови засилувања, а не успеа да врати ништо од продажба. Ако успее да го протурка трансферот на Асенсио во Ливерпул, веројатно и двете страни ќе бидат презадоволни.

Извор: https://sportmedia.mk/