Реал мора да заработи 300 милиони евра од продажба на играчи или ќе биде казнет

во категоријата Спорт

Реал Мадрид ги ангажира Еден Азар од Челси за 100 милиони евра и Лука Јовиќ од Ајнтрахт за 60 милиони евра, меѓутоа постои еден голем проблем затоа што го нарушуваат финансискиот фер-плеј. А Реал планира да го донесе Кристијан Ериксен од Тотенхем и Пол Погба од Манчестер Јунајтед, но за тоа ќе почека. Поточно Реал планира да потроши околу 400 милиони евра ова лето квалитетно да го засили тимот, меѓутоа од друга страна трошоците клубот мора да ги надокнади со 300 милиони евра од продажбата на играчи.

Низ шпанските медиуми се шпекулира дека тренерот Зинедин Зидан пречкртал дури 13 фудбалери, меѓу кои Хамес Родригез и Герет Бејл меѓутоа за нив се уште нема конкренти понуди. На излезна врата се уште Маријано, Навас, Хкими, Ковачиќ, Борха Мајорал…

Извор: https://sportmedia.mk/