Реал моли во банки за позајмица, не се откажува од Нејмар

во категоријата Спорт

Ниту денеска не е досадно, барем кога станува збор за Нејмар. Реал Мадрид очигледно не се откажува, додека Барселона во моментов може само да понуди тројца играчи за да го врати Бразилецот, „кралевите“ тргнаа во банка.

Флорентино Перез побарал позајмица од неколку банки за да може да ја испрали сумата која ПСЖ ја бара за услугите на Нејмар, писшува каталонски СПОРТ.

Претседателот на Реал Мадрид на ваков потег се одлучи за да докаже дека може да понуди најмалку 100 милиони евра на ПСЖ, додека пак на Бразилецот ќе му исплати 200 милиони евра за пет сезони. Секако и слабата продажба на играчи ова лето е една од причините поради која се обратил во банките.

Реал Мадрид за новите фудбалери потроши околу 305 милиони евра, додека пак од продажба заработи 115 милиони евра.

Без разлика на ова шпанскиот тим котира добро во банките, па оваа позајмица ќе му се врати веќе следното лето.

Извор: https://sportmedia.mk/