Раул: Не ги делете ракометарите на млади и стари, за мене Кире е млад!

во категоријата Спорт

По победата против Јапонија, македонскиот селектор Раул Гонзалез зборуваше на официјалната прес-конференција. Шпанецот ги апострофираше добрите страни, но и потврди дека нивото на игра треба да се подобри.

Победата од 38-29 годи и задоволува, но перфекционистот од Пиринеите имаше и зборови на внимателност. 

„Сакам да им честитам на моите ракометари за победата. Нашиот голман беше одличен на почетокот, стигнавме до пристојна залиха, но потоа се уморивме. Не беше лесно да се контролира, не одигравме најдобро, но среќни сме за победата и бодовите. Не ме прашувајте за младите или старите ракометари. За мене нема таква поделба, за мене Кире е млад. Ви реков, задоволен сум, но ова не беше идеален натпревар. Борко беше одличен, имавме позитивни моменти, но имаа и нашите противници. Примивме дури 29 гола, но би потпишал ваков старт и победа од девет разлика“, истакна селекторот. 

Утре е слободен ден во групата во Минхен, а в недела од 14:00 часот се среќаваме со Бахреин. Никогаш во нашата историја не сме се сретнале со оваа мала земја, која по рејтингот заостанува зад сите европски селекции во групата. 

Извор: https://www.gol.mk/