ПРОДОЛЖУВА БОЈКОТОТ: Каевски не го одржа ветување, Прволигашите не го менуваат ставот

во категоријата Спорт

Агенцијата за млади и спорт на чело со директорот Дарко Каевски не го исполни најновото дадено ветување од последниот состанок со претставниците на клубовите од Првата лига, на кој присуствуваше и РФМ.

Прволигашите не ги добиле ваучерите, рокот како што информираат бил до 10 овој месец, до денеска никој нема добиено ниту денар. Денеска уредно испратиле известување до РФМ дека овој викенд нема да се игра ракомет (Прва лига).

„Остануваме на ставот. Не го исполнија рокот, дури ни кажаа дека законот за ваучери бил ставен на гласање на владината седница. Проверивме, нема ништо од тоа. Сите екипи учесници во Првата лига ќе го бојкотираат првенството заедно со младинските тимови“, ни порачаа прволигашите.

 

Извор: https://sportmedia.mk/