Принудно слетување на авион на „Ер Канада“ во Хаваи, повеќе од 25 повредени

во категоријата Свет

Авион на компанијата „Ер Канада“ морал принудно да слета на Хаваи откако налетал на силни турбуленции, јавува СТV њуз. При принудното слетување биле повредени 25 патници.

Поради тоа морал да слета принудно на аеродромот во Хонолулу.

„Првите информации кажуваат дека 25 лица добиле лесни повреди“, изјави портпаролката на „Ер Канада“.

Најмногу патници добиле повредни на вратот и главата.

Авионот бил од типот Боинг 777 со 269 патници и 15 членови на екипажот. Токму таа област е позната по многу турбуленции, при што авионите речиси секогаш имаат проблеми, и затоа често го заобиколуваат тоа место.

Извор: https://tv21.tv/mk/