Приватна тура во Лувр за 30,000 евра

во категоријата Култура

Музејот Лувр во Париз е еден од најпосетените во светот, со огромни бројки на туристи кои ги разгледуваат изложените уметнички дела секој ден.

За оние кои би сакале да го избегнат метежот постои можност за приватна тура на музејот што би чинела 30,000 евра и би вклучувала до четири лица, огромна сума доколку се спореди со картата за еден обичен посетител која чини 15 евра.

Приватната тура трае 90 минути и е понуда на туристичка агенција од Париз, кои нудат луксузни патувања низ Европа.

Идејата за една ваква понуда беше популизирана откако музичките ѕвезди Бионсе и Џеј Зи направија видео спот во музејот, што според податоците на Лувр, ја зголемил неговата посета за 2 милиони од 2017 година.

За повеќе инфо на овој линк: https://1tv.mk/category/kultura/